Полицијата во Пакистан уапси татко под сомнение дека ја убил неговата 18-годишна ќерка, откако селските старешини го организирале нејзиното убиство бидејќи таа била на контроверзна фотографија на социјалните мрежи. Таа е само последната жртва на таканареченото убиство за чест.
Пакистанската полиција соопшти дека девојчето било убиено откако советот на старешини, познат како џирга, наредил таа и нејзината пријателка, која исто така е на сликата, да бидат убиени. Потврдија дека меѓу осомничените се и некои роднини на убиената девојка.
„Некои луѓе објавија слики од две девојчиња. Тие ја убиле едната, додека полицијата ја спасила другата“, изјави Масуд Кан, заменик полициски инспектор во областа Колаи-Палас во планините во северозападен Пакистан во близина на границата со Авганистан.
Се верува дека во се се вмешани некои роднини на убиената девојка.
Секоја година, стотици жени во муслимански Пакистан се жртви на убиства за чест, извршени од роднини под изговор дека дејствуваат во одбрана на честа на семејството. Групите за човекови права велат дека ваквите убиства се најчести во длабоко конзервативните рурални области.