343
Американецот Чунли Жао, осомничен за убиството на седум лица во две одвоени престрелки во Калифорнија, бил налутен од сметката за поправка од 100 долари што морал да ја плати откако неговиот виљушкар се судрил со булдожерот на колегата, изјави калифорнискиот обвинител.
Окружниот обвинител Стив Вагстаф во одделни интервјуа за КТВУ и Си-Ен-Ен изјави дека осомничениот и рекол на полицијата дека сметката за поправка можеби била „почетниот активирач“ што довела до пукањето, јавува Би-Би-Си.
Сите жртви во минатонеделната престрелка се земјоделски работници.