Убиецот од Младеновац пукал од три локации, па грабнал такси возило

by Fokus
Foto: Euronews

Дваесетгодишниот Урош Блажиќ од Дубона вчера бил сослушан во Вишото јавно обвинителство во Смедерево каде го признал извршувањето на делото, поточно дека на три локации со автоматска пушка застрелал неколку лица.

Злосторство се случи во ноќта меѓу четвртокот и петокот. Блажиќ потоа пукал од автоматска пушка на вкупно три локации во реонот на Смедрево и Младеновац, при што загинале осум лица, а 14 од нив биле повредени.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, пред два дена изјави дека осомничениот Блажиќ како единствен мотив за ова пукање го навел „понижувањето“. На рочиштето рече и дека пукал за да го заплаши населението на тие места.

Наредбата за истрагата го товари за сторени дури пет кривични дела: тешко убиство, недозволено изработување, држење, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи, грабнување и неовластено користење туѓо возило.
Во понатамошниот тек на истрагата ќе бидат наредени различни вештачења меѓу кои и психијатриско вештачење за да се утврди дали Блажиќ бил здрав во моментот на извршувањето на кривичните дела.

Во Дубона кај Младеновац денеска беа погребани три жртви, додека вчера на селските гробишта во Мали Орашје беа погребани младите кои беа првите жртви на овој крвав масакр. Пукањето на три места се случило еден ден откако тринаесетгодишниот К.К. во ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар со огнено оружје уби осум ученици и еден обезбедувач.

Поврзани новости