Вишиот суд во Смедерево му го продолжи за нови 30 дена притворот на Урош Блажиќ (21) од Дубона, кој беше уапсен под сомнение дека убиствата во селата кај Младеновац кога уби 8 и рани 14 лица.
Притворот му е продолжен поради ризик од бегство, за да не се влијае на сведоците, да не се повтори делото за краток временски период и поради вознемиреност во јавноста.
Блажиќ од минатата недела е во Специјалната затворска болница каде му е извршен психијатриски преглед. Tој во наредните денови ќе биде подложен на вештачење од страна на Комисијата на експерти.
Издадени се повеќе наредби за вештачење на биолошки траги пронајдени на местото на настанот. Исто така, во тек е и ќе продолжи вршењето на значителен број други вештачења – балистичко, трацеолошко, судско-медицинско.
Истовремено, според планот на истрагата, започна сослушувањето на очевидци и други сведоци, а потоа и на повредените, чии покани ќе бидат во согласност со нивната здравствена состојба и способност да дадат исказ.