Убиецот од Ел Пасо е 21-годишно момче поддржувач на Трамп

by fokus

21-годишниот Патрик Красијус е осомничен за убиство на 20 луѓе вчера во продавницата „Волмарт“ во Ел Пасо, Тексас, каде отвори оган врз цивили. Како што соопштуваат локалните власти, 26 луѓе се хоспитализирани со повреди.

Красијус е инаку расист и поддржувач на претседателот на САД, Доналд Трамп. По инцидентот Красијус е уапсен во предградие на Далас, околу 1.000 километри источно од Ел Пасо.

Американската полиција соопшти дека убиствата најверојатно се извршени поради омраза. Красијус 20 минути пред нападот поставил на интернет документ во кој ги обвинува Латиноамериканците и Американците од првата генерација за одземање на работните места и за мешање на културите во САД.

Претседателот на САД, Доналд Трамп објави на Твитер дека во Ел Пасо се случила „ужасна престрелка“.

Ел Пасо има 680.000 жители и се наоѓа во западен Тексас на границата со Мексико.

Поврзани новости