334
Осудениот специјалец од МВР Игор Спасов од раните утрински часови е во самица во затворот „Идризово“. Не се знае до кога ќе ја издржува оваа казнена мерка, велат од Управата за санкции, пишува „Сакам да кажам“.
Оттаму потврдуваат дека Спасов ноќеска направил инцидент. Најверојатно побегнал од затворот, па се вратил самиот, но за официјална информација што точно се случило и зошто Спасов е изолиран од останатите затвореници, Управата чека извештај од затворот.