Убиецот Коста негативен на алкохол и дрога, покажаа анализите

by Fokus

Анализите на крвта на Коста Кецмановиќ (13) – убиецот на осум врсници и чуварот во училиштето кој повреди шест деца и наставничката по историја, бил негативен на алкохол и наркотици, дознава српски „Блиц“.

Оттаму информираат дека момчето од синоќа е на Клиниката за невропсихијатрија, на специјално детско одделение.

Лекарите треба да извршат опсервација, а рочиштето на неговиот татко е утре во 10 часот, рече адвокатка на семејството, Ирина Боровиќ.

Откако ќе бидат завршени сите анализи, ќе се утврдува што понатаму со Коста.

Тој вчера влегол во училиштето со пиштолот на својот татко, прво пукал во училишниот чувар, потоа во дежурните ученици, а потоа се упатил кон канцеларијата за историја.

Таму ја повредил учителката, а потоа почнал да пука кон своите врсници.

Според официјалните информации од МУП, убиени се седум девојчиња, едно момче и училишниот чувар. Шест деца се ранети, како и наставничата по историја.

Илјадници граѓани ширум Србија вчера и денеска им оддаваат почит на убиените деца.

Поврзани новости