1K
Лицето кое беше убиено вечерва во Приштина било најдено во автомобил со македонски таблици, објавуваат косовските медиуми повикувајќи се на неофицијални информации.
Извори на Индекс онлајн информираат дека убиениот кој е застрелан со огнено оружје-калашников е Блерим Даци, кој имал и лажни документи кои ги користел, а биле на име Блерим Шабани.
-Инаку, жртвата Блерим Даци бил застрелан со огнено оружје околу 20 часот. Тој бил пронајден мртов во неговиот автомобил, кој бил со регистрација на Република Македонија, пишува порталот.
Според информациите на полицијата во текот на оперативните дејствија подалекуод убиството најден бил и запален автомобил кој го користеле осомничените вмешани во случајот.