Aвстриската влада прогласи три дневна жалост по терористичките напади во Виена кои што се случија вчеравечер во која се убиени четири лица.
Министерот за внатрешни работи на Австрија Карл Нехамер потврди дека напаѓачот кој беше убиен од полицијата при синоќешниот напад е роден во Модлинг Австрија, а неговите родители се од тетовското село Челопек.
Австриската полиција преку Европол побарала информации од македоснката полиција околу овој случај и од страна на Секторот за меѓународна полициска соработка веднаш се постапува околу овој случај, велат од министерството за внатрешни работи.
Австрискиот министер го потврди идентитетот на 20-годишниот напаѓач, Кујтим Фејулаи кој што имал поголемо криминално досие. Нехамер претходно го опиша убиениот напаѓач како исламистички терорист и симпатизер на исламска држава.
Кујтим и претходно бил осуден на 22 месеци затвор бидејќи сакал да им се приклучи на борците на исламска држава во Сирија. На 5 декември мината година бил условно пуштен на слобода, бидејќи поради возраста бил опфатен со поглаго законодавство.
Синоќа полицијата со експлозив упадна во станот на исламистичкиот атентатор.
„Тој бил опремен со лажен појас за бомби, автоматска пушка, пиштол и мачета, оружје со кое го изврши грозоморниот чин врз невини граѓани“, рече министерот Нехамер.
Бројот на загинати цивили порасна на четири, откако на повредите им подлегнала уште една жена. Вкупно 17 луѓе се примени во болница.
Инаку вчера се пукаше на шест различни локации во центарот на Виена. властите веруваат дека имало повеќе вооружени напаѓачи.
Нападот започнал во близина на градската синагога, иако таа била затворена во моментот. Рабинот од синагогата изјави дека видел најмалку едно лице како пука кон луѓето кои седеле во блискиот бар на улицата под неговиот прозорец.