780
Застреланиот човек кај трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје, според првични информации, е со иницијали В.Е.. Тој, наводно, со членови на семејството бил да заврши приватни обврски во близина, пишува „360 степени“.
Во исчекување на официјалниот полициски извештај, очевидци велат дека напаѓачите пукале во жртвата, дека од неговиот автомобил одзеле предмети, меѓу кои и лаптоп-компјутер, а потоа побегнале.
Според информациите на „360 степени“, најверојатно станува збор за тројца напаѓачи. Двајца се веќе уапсени.
За мотивите се спомнува облик на изнуда, иако истрагата сè уште е во рана фаза.