Убиениот дошол од Италија и беше застрелан во селото на мали Репки

by Fokus

Триесет и четиригодишникот кој утрово беше убиен во Батинци, во селото на мали Репки си дошол од Италија непосредно пред да биде убиен, дознава „Фокус“ од свои неофицијални извори.

Според нашите информации, кои не се официјално потврдени, убиениот и претходно бил мета на напади поврзани со мали Репки, познат криминалец од ова село кој моментално е на издржување на затворска казна во затворот „Идризово“.

Сепак официјално, не е утврдено кои се двајцата сторители кои утрово од автомобил „мерцедес“ во движење пукале кон двајцата браќа кои се превезувале со џип „форд“ со италијански регистерски таблици.

ТВ 21 пренесува дека  сторителите биле маскирани и веднаш избегале кон селото Драчевица.

Еден убиен и еден ранет во Батинци – убијците пукале од ‘мерцедес’ во движење

Пукањето беше пријавено во СВР Скопје утрово во 9.25 часот. Двајцата браќа од кои едниот е убиен, а другиот тешко ранет и пренесен во Ургентниот центар биле од селото Црн врв.

-СВР Скопје во координација со Одделот за специјални полициски операции и Одделот за воздухопловни единици преземаат мерки и активности за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот, велат од МВР за „Фокус’“

Мали Репки беше преместен од „Идризово“, но по тепчка во штипскиот затвор пак беше вратен во најголемиот затвор. Тој е познат бегалец, се бараше со потерница за два обида за убиство, но беше под сомнеж за рекетирање и организација и подметнување пожари на автомобили.

Пред две години беше осуден на осум и пол години затвор затоа што со седум куршуми убил соселанец со кого се расправале за долг.

За едно од неговите затворски бегства, 17 припадници на затворската полиција во Идризово беа уапсени, под сомнение дека му помогнале да го напушта затворот без дозвола.

Засега нема никакви информации дека кој стои позади денешниот напад.

Ф.Ф.С.

Преместувањето од „Идризово“ ги „запали“ осудениците – зошто изгоре возилото на директорот?

Поврзани новости