Украински официјални лица велат дека уште двајца руски команданти биле убиени за време на борбите, што значи дека, според нив, убиени се пет руски генерали од почетокот на инвазијата.
Генералот Олег Митјаев од руската 150-тата моторизирана дивизија и членовите на неговата единица беа убиени од украинските сили во близина на Мариупол минатата недела, велат Украинците.
Оваа вест ја потврди и руската страна, од каде истакнаа дека Митјаев загинал обидувајќи се да даде пример пред војниците како се бори.
Покрај убиството на Митјаев, Украинците велат дека нивните сили го убиле и заменик-командантот на руската Црноморска флота, Андриј Палиј.
Палиј е роден во Киев и во 1993 година одбил да положи заклетва на украинската војска. Наместо тоа, тој служел во руската северна флота.