332
Девет цивили се пронајдени застрелани во источниот украински град Волноваха, окупиран од Русија, јави ДПА.
-Двајца од загинатите се деца – соопшти Рускиот државен истражен комитет.
Мртвите биле пронајдени со прострелни рани во приватна куќа.
Осомничениот е руски војник, објави независен руски канал на Телеграм. Меѓу загинатите има татко, мајка, нивните две деца и гости во куќата.
Волноваха се наоѓа во регионот на Доњецк и е окупирана од руски војници од март 2022 година.