Убиени тројца напаѓачи, петмина уапсени соопшти косовската полиција

by Fokus

Тројца напаѓачи се убиени во размената на оган во селото Бањска, каде тензиите не стивнуваат од доцна синоќа, потврди косовската полиција. Еден од нив е уапсен, додека во исто време се уапсени уште четири лица кои се поврзани со криминалната група.

– Во атарот на село Бањска безбедносната состојба и понатаму е тензична, а нападите со огнено оружје врз полициските единици продолжуваат со ист интензитет, во зависност од движењето на криминалните групи – соопшти косовската полиција со друго, трето соопштение. по избувнувањето на нови тензии.

Велат дека полициските дејствија се одвиваат според плановите и случувањата на теренот, а полицајците реагираат во самоодбрана.

Откако претходно објавија дека еден од напаѓачите е убиен, сега доаѓа потврда за нови убиства и апсења.

– Според официјалните информации од терен, при размена на оган, потврдено е убиството на уште двајца напаѓачи, кои биле маскирани, униформирани и тешко вооружени, а потврдено е и апсење на униформиран и вооружен напаѓач – потврди полицијата на Косово .

Поврзани новости