Убиени татко и 9-годишен син, најдени во автомобил во Слупчане

by fokus

47-годишен жител на селото Опае, Липково, и неговиот 9-годишен син биле застрелани и оставени во автомобил најден во атарот на селото Слупчане, информираа од полицијата.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека возилото марка „опел астра“, со скопски регистарски ознаки, било најдено од страна на полициски службеници вчера во 22.40 часот во местото викано „Слупчански бунар“. Таткото и неговото синче биле пронајдени без знаци на живот.

„Јавен обвинител и екипа од СВР Куманово излегле на местото и било констатирано дека непознат сторител со огнено оружје пукал во Е.С.(47) и неговиот деветгодишен син, двајцата од с.Опае. По наредба на Јавен обвинител, телата на починатите се дадени за обдукција во Институтот за судска медицина и криминалистика Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираат од МВР.

Поврзани новости