720
Во Украина е потврдена смртта на три деца, објави огранизацијата „Save the children“.
-Секоја војна е војна против децата. Се плашиме дека уште недолжни деца ќе настрадаат ако борбите продолжат. Децата мораат да бидат заштитени, напишаа од организацијата.
Kyiv Independent објави дека руски ракети погодиле сиропиталиште и градинка во североисточниот украински град Охтирка.
Тие наведуваат дека има загинати и повредени и дека меѓу нив има и деца.Украинскиот министер за надворешни работи на својот профил на Твитер напиша дека руските напади врз сиропиталишта и градинки се воени злосторства и кршење на Римскиот статут.
-Заедно со државниот обвинител собираме докази и се ќе му предадеме на Хаг, напиша Кулеба и додаде дека некој ќе мора да одговара.