124
Пет лица се убиени денеска во Домот за стари и изнемоштени лица во Дарувар, Хрватска, пренесуваат хрватски медиуми.
Според информациите, маж влегол во Домот за стари и изнемоштени лица и почнал да пука во луѓето.
Пет лица загинале на лице место, а некои се уште се на лекување. Убиецот потоа побегнал, но полицијата набрзо го фатила во близина на кафуле во Дарувар.
Сирените на сите можни служби за итна помош ѕвонат во градот Дарувар.