Украинските власти официјално потврдија дека најмалку 70 војници се убиени во рускиот ракетен напад на нивна воена база во малиот украински град Охтирка, во регионот Суми.
-Воената единица во Охтирка претрпе силно непријателско гранатирање од МЛРС Град и, за жал, е целосно уништен. Повеќе од 70 војници се убиени. Има цивилни жртви. Блокадите се демонтираат сега и може да се најдат повеќе мртви војници под нив“, соопшти шефот на регионалната воена управа на Суми, Дмитро Живицки, во објава на Фејсбук, пренесува Укринформ.
Утрово спасувачите се уште ги пребаруваат урнатините обидувајќи се да најдат преживеани.
И покрај вчерашниот прв круг на мировни преговори меѓу Русија и Украина во текот на ноќта продолжи гранатирањето на украинските градови.
Рускиот претседател Владимир Путин и објави војна на Украина на 24 февруари и почна инвазија од големи размери. Руските трупи гранатираат и уништуваат клучни инфраструктурни објекти, но проектили погодија и станбени згради.
Во Украина е воведена воена состојба и прогласена е општа мобилизација.
Украина официјално поднесе тужба против Руската Федерација до Меѓународниот суд на правдата на ОН во Хаг.