453
Најмалку 13 тела на цивили се извадени од под урнатините по воздушен напад врз фабрика за леб денеска во украинскиот град Макарив, во регионот на Киев, јавија локалните служби за итни работи.
„Рускиот окупатор го гранатираше државното претпријатие „Пекара Макарив“, во регионот на Киев, објави на Твитер, првата заменик министерка за надворешни работи на Украина, Емине Јапарова, споделувајќи фотографија од нападот.
Петмина се спасени, додека во фабриката, според информациите, за време на нападот имало околу 30 лица.