430
Двајца новинари се убиени од две вооружени лица кои упаднале во приватното радио Хамсада, во авганистанската провинција Такхар.
Инцидентот се случил вчера, кога вооружените лица влегле во радиото и почнале да пукаат врз новинарите кои воделе емисија.
За нападот се уште никој не презел одговорност. Тоа е втор напад врз новинари годинава во Авганистан.