Американскиот платеник во Украина, Вили Џозеф Кансел, кој се борел како припадник на приватна воена компанија, загинал во Украина, пренесе во петикот американската телевизиска мрежа Си-Ен-Ен.
Според информациите добиени од Ребека Кабрера, мајката на Кансел, 22-годишниот платеник загинал во понеделникот, но досега неговото тело не било најдено.
Кон средината на март, по налог на неименуваната приватна воена компанија, Кансел ја минал полско-украинската граница како дел од гррупа луѓе „од различни земји“, се дадава во прилогот.
Кансел, кој бил жител на округот Оринџ во Њујорк пред да биде ангажиран од компанијата во Тенеси а потоа и да замине во Украина, оставил 7-месечно бебе и сопруга.
Кансел било поранешен припадник на маринскиот корпус на САД, а кога го потпишувал договорот со приватната воена компанија прво работел како обезбедување во казнено-поправна установа во сојузната држава Тенеси.