347
Најмалку 35 лица загинаа во вчерашниот самоубиствен напад во образовен центар во областа Хазара во Кабул. Најмалку 82 лица се повредени, соопшти мисијата на ОН во Авганистан.
Нападот се случил вчера изутрина. Маж кој носел експлозив се разнел во центарот каде студентите се подготвувале за приемни испити на факултет. Повеќето од жртвите биле жени.
Денеска околу 50 жени излегоа на улиците на Кабул за да го изразат својот гнев поради нападот. Тие поминаа низ главната улица во населбата Дашти Барчи каде се случи нападот. Потоа, скандирајќи: „Стоп за геноцидот врз Хазарите“, тие се упатија кон болницата каде што се лекуваат ранетите од нападот. Тешко вооружените талибанци пукаа во воздух за да ги растераат демонстрациите.