109
Денес (23.07.2024) во 17.15 часот во СВР Тетово било пријавено дека во гостиварско Дебреше со огнено оружје било пукано врз Р.К.(35) од Дебреше а како осомничени дека се извршители на делото се браќата Ј.В.и Б.В.од истото село, кои биле со патничко возило ,,Волво” со Швајцарски регистерски ознаки.
Едниот од нив, Б.В.е приведен и од истиот е одземена автоматската пушка со која го извршил делото. Се преземаат дополнителни мерки за расчистување на случајот.