Руски генерал загинал во експлозија на мина во Украина, соопштија неколку извори на Кремљ, а пренесе Би-би-си.
Генерал-мајор Владимир Завадски (45) бил заменик-командант на 14-тиот армиски корпус во моментот на неговата смрт, велат изворите.
Најмалку шест руски генерали се верува дека ги загубиле животите досега од почетокот на нападот на Москва врз Украина во февруари 2022 година.
Руското Министерство за одбрана не го коментираше инцидентот, а има спротивставени информации за тоа каде се случил инцидентот. Досега, министерството повеќепати не споменуваше смрт на високи офицери, дури и откако блиски роднини јавно проговорија за нив. Извештаите велат дека генерал-мајор Завадски бил убиен во средата попладне.
Не е јасно каде се случил инцидентот, но се верува дека неговата единица во тој момент била во областа Херсон во Украина.
Пред неговата сегашна функција, Завадски беше командант на елитната тенковска дивизија Кантемировски, со седиште надвор од Москва. Доколку се потврдат извештаите за смртта, тој ќе биде седмиот руски генерал за кој е познато дека загинал во конфликтот.
Потврдено е дека четворица генерали ги загубиле животите во првите четири месеци од војната, а уште двајца во летото оваа година. Неодамна, генерал-полковник Олех Чоков беше убиен во напад на хотел во кој беа сместени руски воени команданти во Бердјанск, на окупираниот јужен брег на Украина. Украински извори објавија уште седум смртни случаи на руски генерали, но оттогаш е докажано дека најмалку тројца се уште се живи.