1.1K
Маж на возраст од 59 години бил убиен синоќа во групна тепачка што се случила синоќа половина час пред полноќ во Брушанско маало во Кавадарци.
Според официјалните информации од МВР, четириесет и петгодишниот Х.С. исто така од Кавадарци во физичка пресмета помеѓу повеќе лица, во којашто биле употребени остри и тврди предмети му нанел убодна рана педесет и деветгодишниот З.П. кој подоцна починал во болницата во Кавадарци.
Неколку часа по убиството, околу 4.30 часот, полицијата го привела осомничениот. Во врска со настанот во Полициската станица Кавадарци досега бил извршен разговор со С.А.(37), А.А.(63), А.М.(42) и Џ.Х.(19), сите од Кавадарци. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.