Водачот на Исламската држава Абу ал Хасан ал Хашеми ал Кураиши е убиен, објавил портпаролот на ИД во аудио порака на Телеграм.
Портаролот на ИД, Абу Омар ал Мухаџер, во пораката навел оти лидерот на Исламската држава бил убиен додека се борел против Божјите непријатели, но не објавил дополнителни детали.
„Тој умре борејќи се против непријателите на Бога, убивајќи некои од нив пред да биде убиен како човек на бојното поле“, рекол тој.
Портпаролот додал оти за нов лидер на ИД е избран Абу ал Хусеин ал Хусеини ал Кураиши, опишувајќи го како „воен ветеран и еден од лојалните синови на Исламската држава“.
Сега веќе починатиот лидер на Исламската држава, Абу ал Хасан ал Хашеми ал Кураиши, беше прогласен за лидер на ИД во март оваа година, откако американскиот претседател Џо Бајден ја објави смртта на неговиот претходник, Абу Ибрахим ал Хашими ал Курајши во воена операција во северозападниот дел на Сирија.