575
Утрово во ноќен клуб во Загреб убиен е Томислав Сабљо, водач на криминален клан во Хрватска.
Починатиот бил застрелан со огнено оружје, а повеќе детали засега нема бидејќи во тек е увидот на лице место и тече истрагата.
Познато е дека на убиството му претходела физичка пресметка меѓу повеќе лица.
Веќе е уапсен е маж кој се поврзува со инцидентот и тој е под полициски надзор.
Убиениот бил обвинет во акцијата Тебра, како еден од водачите на криминална организација која шверцувала дрога, палела автомобили итн.
Сабљо и 19 други лица кои се поврзани со синџирот на шверц на дрога од Албанија и Црна Гора, преку Босна и Херцеговина до Хрватска, беа уапсени во јули 2019 година во голема полициска акција.