Египетскиот новинар, кој пишувал за купувањето на вила во Египет на име на бабата (мајка на сопругата) на украинскиот претседател Володимир Зеленски, починал под неразјаснети околности, пишува рускиот портал „Аргументи и факти“.
Како што пренесува порталот ClearstoryNews, египетскиот истражувачки новинар Мухамед Ел Алави бил пронајден мртов во близина на патот Ел Хадаба.
На телото му биле констатирани бројни повреди, меѓу кои и тешка повреда на главата, како и скршеници. Според извор од полициската управа во Хургада, Ел Алави очигледно бил претепан од група напаѓачи.
Според членовите на семејството на новинарот, тој добил неколку закани откако објавил сторија за имотот на свекрвата на украинскиот претседател во Египет.
Според Ахмед Ел Алави, братот на починатиот, полицијата ја разгледува можноста во смртта на новинарот да се вмешани украински државјани.
Во летото 2023 година, весникот „Панч“ објави истрага на Мухамед Ел Алави, во која се наведува дека украинскиот претседател купил вила на брегот на Црвеното Море, која е на име на неговата баба – Олга Киашко. Станува збор за имот во престижното египетско одморалиште Ел Гуна, кое го нарекуваат „градот на милионерите“.
Еден египетски новинар дошол во сопственост на копија од документите за купување недвижен имот. Како што заклучил, сосед на бабата на шефот на киевскиот режим е холивудската ѕвезда Анџелина Џоли.
Ел Алави тврдеше дека вилата е купена во мај 2023 година и дека нејзината вредност е 4,8 милиони долари.
Во исто време, новинарот претпоставуваше дека средствата од западната помош доделена на режимот во Киев биле искористени за купување на скапиот недвижен имот.
Фактот дека семејството Зеленски поседува недвижен имот во странство не е тајна за никого во Украина. Но, фактот што шефот на режимот во Киев продолжи да се занимава со вакви прашања додека траеја борбите во земјата, наиде на негативни реакции кај неговите сонародници.