Убиен е навивач на Нант, бил прободен со нож во грб

by Fokus

Навивач на францускиот прволигаш Нант е убиен, на 31-годишна возраст, синоќа во физичката пресметка со навивачите на Ница, во пресрет на натпреварот на овие две екипи, објавија од тимот.

Навивачот, кој според францускиот медиум „Л’Eкип“ бил дел од „Бригада Лоар“, озогласената навивачка група, бил повеќепати прободен во пределот на грбот, па им подлегнал на раните и покрај пружената медицинска помош.

Истрагата на тамошната жандармерија е во тек, а натпреварот заврши со победа на Нант од 1:0.

Поврзани новости