Убиен е маж во „Мекдоналдс“ во Вашингтон

by Fokus

Еден човек почина откако беше застрелан во ресторан на „Мекдоналдс“ во североисточен Вашингтон. Убиството се случило во средата во 18:15 часот по локално време, во ресторан во Бенинг Роуд, јавуваат американските медиуми.

По пристигнувањето на местото на несреќата, полицијата констатирала дека мажот не давал знаци на живот.

Една жена, која била сведок на убиството, изјавила за WJLA дека го видела убиецот како носи маска за скијање.

„Се чувствувам лошо затоа што мојот син или јас можевме да ги загубиме животите бидејќи бевме на погрешно место во погрешно време“, рече таа, пренесе Вашингтон тајмс.

 

Поврзани новости