Израелската војска денеска потврди дека нејзините сили убиле висок воен командант на либанската група Хезболах во воздушен напад во јужен Либан.
Во соопштението се наведува дека израелско беспилотно летало го погодило Касем Саклави, командант во областа Тир, кој бил задолжен за планирање и извршување на ракетни и противтенковски напади врз северен Израел.
Израелската војска, исто така, соопшти дека нејзините воени авиони гаѓале локација за лансирање ракети на Хезболах во областа Рамија, во јужен Либан.
Бројот на загинати членови на Хезболах од 8 октомври минатата година до сега изнесува 308, а тензиите се зголемени долж либанско-израелската граница поради прекуграничните судири меѓу Хезболах и израелските сили.
Во меѓувреме, Тел Авив ја продолжува својата смртоносна офанзива во Појасот Газа, каде што повеќе од 35.500 луѓе загинаа од октомври минатата година, по нападот на Хамас.