Во градот Метеризи, на магистралниот пат Подгорица – Цетиње во Црна Гора, денеска околу 18.40 часот имало пукање. Од здобиените повреди починал Радован Марковиќ (29), пренесува Вијести, повикувајќи се на неофицијални информации од полицијата.
„Полицијата е на терен, а се преземаат интензивни активности за утврдување на сите факти и околности и расветлување на настанот, за чиј исход навремено јавноста ќе биде информирана“, се вели во соопштението на полицијата. .
Според неофицијални информации, полицијата зела изјава од сведок кој изјавил дека најмалку две лица побегнале со автомобил од местото каде што бил пронајден младиот човек.
„Вијести“ дознава дека Марковиќ е пронајден во онесвестена состојба покрај автомобилот. Според полицијата автомобилот бил запален.