Убиен 28-годишен гостиварец – му пукале во глава

by fokus

Едно лице починало од повреди нанесени од огнено оружје вечерва во центарот на Гостивар. Според првичните информации се работи за убиство на кое му претходела расправија.

Според СВР Тетово, вечерва околу 19 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавено е дека во гостиварската болница „Ферид Мурад” бил донесен 28-годишниот гостиварец Г.А.

На гостиварецот му била констатирана, влезно-излезна прострелна рана во главата. Му била укажана лекарска помош, но Г.А. им подлегнал на задобиените повреди.

Во тек е увид што го вршатЈавен обвинител и екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар. Се преземаaт мерки за расчистување на случајот.

Поврзани новости