Убедлива победа на Милановиќ, Приморац не му честиташе

by Фокус

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, кој е поддржан од партијата СДП и коалицијата, победи по вториот круг на претседателските избори.

Според хрватската Државна изборна комисија, по обработени 99,59% избирачки места, Милановиќ освои 74,67% од гласовите, а кандидатот на ХДЗ и коалицијата, Драган Приморац 25,33%.

-Ова е голем ден за мене, оваа победа ја гледам како признание и одобрување на мојата работа. Ова е плебисцитарната порака на хрватскиот народ до сите оние кои треба да ја слушнат и барам да ја слушнат – рече Милановиќ во победничкиот говор.

Приморац, кандидатот на владејачката ХДЗ и нејзините коалициони партнери, не му ја честиташе победата на Милановиќ.

-Јас и Зоран Милановиќ споделуваме сосема различни духовни, морални, професионални вредности како и размислувања за иднината на нашата татковина. Одлуката е донесена од граѓаните и како таква треба да се почитува – рече Приморац и додаде дека верува во иднината на Хрватска, која ќе гради партнерство со НАТО кон ЕУ, економијата и безбедносната политика, бидејќи без тој принцип нема иднина за Хрватска.

Поврзани новости