Уапсено момчето кое украде кутија со донации од гостилница

by fokus

Крадецот кој насилно влезе во велешката гостилница Боем, кршејќи ја задната врата, и потоа ја украде кутијата со донации за топол оброк за социјално ранливите граѓани, вчера бил уапсен.

Станува збор за 20-годишно момче од Скопје, кое живеело во Велес.
Според СВР Велес, против него ќе биде понесена соодветна пријава, по целосното документирање на случајот.

Инаку, видео снимка од надзорните камери во гостилницата беше објавена на социјалните мрежи пред четири дена и на неа се гледаше ,,акцијата” на провалникот.

Тогаш сопственикот на гостилницата на социјалните мрежи порача дека ќе продолжат со акцијата за топол оброк за сите кои имаат потреба, и го покани провалникот на кафе и топол оброк.

Вики Клинчарова

Поврзани новости