1.1K
Момче на возраст од 25 години е уапсено вчера утрото, откако при претрес кај него била пронајдена марихуана, велат од МВР.
„Во скопското село Долно Количани, вчера во 07.50 часот од полициски службеници од СВР Скопје лишен од слобода е Е.Т.(25) од село Долно Количани бидејќи при извршен претрес по претходно издадена судска наредба од Основен Кривичен суд Скопје кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, соопштија денеска од МВР, ќе биде поднесен соодветен поднесок“, додаваат од МВР.