747
Момче на возраст од 19 години од Групчин вчера било уапсено, откако при преглед од полициски службеници, кај него било пронајден кокаин.
„На 17.12.2020 околу 20.30 часот на ул.„Илинденска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Е.Ш.(19) од с.Групчин, тетовско, затоа што при преглед кај него бил пронајден кокаин. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.