422
Вчера попладне, момче од Аеродром било уапсено откако кај него била пронајдена марихуана, информираат од МВР.
„На 07.12.2022 во 14:30 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Ц.(20) од Скопје, затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.