Уапсено лице за издржување на казна затвор

by fokus

Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје вчера во 18.25 часот на подрачјето на Кисела Вода го лишиле од слобода К.Џ.(45) од Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.

За него, како што информираат од МВР, била распишана централна потерница на барање на Основниот кривичен суд Скопје, со која се барал за издржување на казна затвор во траење од две години.

Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на затворската казна, посочуваат од МВР.

Поврзани новости