Уапсено едно лице по пукањето на голф терените на Трамп: Пукал и се обидел да побегне

by Fokus
Foto: EPA

Едно лице е уапсено по пукањето на голф терените, каде што се наоѓал Доналд Трамп на Флорида.

Агентите на тајната служба виделе маж како вперува пушка кон теренот за голф, каде што се наоѓал Трамп во тоа време, изјавиле извори од органите на редот.

Агентите пукале повеќе пати кон осомничениот, кој се обидел да побегне, велат изворите, додавајќи дека осомничениот сега е во притвор, а оружјето е пронајдено.

„Трамп е безбеден по истрелите „во негова близина“, соопштија од неговата кампања.

Во е-пошта до неговите поддржувачи, Трамп порача дека е „безбеден и здрав“. „Ништо нема да ме успори. Никогаш нема да се предадам!“

Инцидентот се случува два месеци откако вооружен маж се обиде да го убие Трамп на митинг во Батлер, Пенсилванија, погодувајќи му го увото.

Тајната служба потврди во објава на X дека истражуваат „заштитен инцидент“ со Трамп.

Белата куќа соопшти дека претседателот Џо Бајден и заменик-претседателката Камала Харис биле информирани за инцидентот за кој рекоа дека се случил на меѓународниот терен за голф на Трамп, „каде што поранешниот претседател играше голф“.

„Со олеснување дознавме дека тој е безбеден“, соопшти Белата куќа.

Харис објави на X дека била информирана за ова прашање и дека ѝ е мило што Трамп е неповреден. „Насилството нема место во Америка“, напиша таа.

Поврзани новости