419
Полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп вчера го лишиле од слобода 19-годишниот прилепчанец Х.П., откако при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени повеќе стебла од растението канабис и гранки од истото растение, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.
Како што се наведува во соопштението на МВР, тој бил задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.