Уапсените за тероризам во Косово пред Суд

by Fokus

Денеска прес Судот во Косово треба да биде изведен првиот од седумтемина осомничени приведени во Косово во изминатите два дена под сомнение дека учествувале во заговор и финансирање тероризам.

Косовската полиција соопшти дека на 10 октомври биле уапсени пет лица осомничени за подготвување терористички напади и неовластено поседување експлозивни средства, оружје и пари во рациите во Пеќ и Призрен.

Уште две лица беа уапсени следниот ден во рации во Приштина и Фуш под сомнение за перење пари и финансирање тероризам.

Петтемина првично уапсени се обвинети за подготовка на терористички акти или кривични дела против безбедноста и уставниот поредок на Косово, како и за шверц на оружје, соопшти полицијата.

Тие се соочуваат со повеќе обвиненија кои предвидуваат казна до пет години затвор.

Полицијата соопшти дека апсењата се резултат на „неколкумесечна истрага“.

Еден од осомничените, идентификуван како Ардиан Ѓурај, бил протеран од Германија во 2015 година, откако неговиот татко го пријавил кај властите.

Специјалното обвинителство на Косово го обвини Ѓурај дека давал поддршка за милитантната група Исламска држава (ИД) во периодот 2014-2015, тој во 2018 беше осуден на казна затвор од 17 месеци. Потоа Апелациониот суд ја укина пресудата.

Поврзани новости