Уапсениот судија има имунитет, Судскиот совет ќе одлучи дали ќе му го одземе

by fokus

Судијата од Врховниот суд, Наке Георгиев, кој денеска беше уапсен за примање мито, има имунитет на кој може да се повика уште во полициска станица, но и доколку биде изведен пред судија на претходна постапка.

За непречено водење на кривичната постапка, но и за да му се одреди притвор, доколку тоа го бара обвинител, имунитетот може да му го одземе само Судскиот совет, кој би требало да зесадава набрзо, доколку тоа го побара Кривичниот суд или Обвинителството.

Од МВР предмалку објавија за кое дело е осомничен судијат, кој неофицијално бил уапсен за мито од 10.000 евра.

– Денеска (20.05.2024) лишен од слобода е судија од Врховен суд поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело `Примање награда за против законито влијание`.
Судијата е лишен од слобода на лице место при извршување на кривичното дело. Се чекаат понатамошни насоки од надлежен јавен обвинител, соопштиjа од МВР.

Георгиев минатата година се кандидираше за член на Судскиот совет, но си поднесе оставка бидејќи неговиот син беше избран за судија.

Оставката следуваше по неколкудневни кавги во Судски совет дека не е законски тој како член на Судскиот совет да го бира неговиот син за судија.

Наке Георгиев се кандидираше за член на Судскиот совет како единствен кандидат од Врховен суд, а поддржувачите од Советот, му ја запреа постапката за разрешување.

За истата работа за која беше претставката, тројца апелациони судии од Штип беа разрешени, но тој се спаси.

В.В.

Поврзани новости