Уапсениот градоначалник на Истанбул обвини дека пресудата е политичка и незаконска

by Fokus

Градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, денеска изјави дека затворската казна што му ја изрече турскиот суд е политичка и незаконска.

Турскиот суд денеска го осуди Имамоглу на повеќе од две години затвор и му забрани да извршува политички функции, поради наводни навреди упатени кон членови на Државната изборна комисија.

Имамоглу се сметаше за силен противник на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на претседателските избори следната година.

Тој има право да ја обжали изречената пресуда.

На Имамоглу, кој е член на главната опозициска Републиканска народна партија (РПП), му беше судено поради говор во 2019 година по поништувањето на резултатите од локалните избори во Истанбул, при што тој изјави поништувањето на законските избори е „глупост”.

По обвинението, во кое се наведува дека Имамоглу со таквата изјава ги навредувал членовите на Државната изборна комисија, беше предвидена максимална затворска казна од четири години.

Победата на Имамоглу во март 2019 година на изборите за градоначалник на Истанбул беше поништена откако Партијата на правдата и развојот на турскиот претседател Ердоган пријави нерегуларности. Имамоглу победи и на повторените избори во јуни.

Поврзани новости