610
Во новогодишната рација иранската полиција приведе неколку врвни фудбалери, чии имиња не се соопштуваат.
Иранските медиуми објавија дека рацијата била извршена на новогодишна забава на која се служел алкохол против исламските забрани, кои, меѓу другото, не дозволуваат блиски односи меѓу мажите и жените надвор од бракот, пренесува Ројтерс.
Ваквите социјални ограничувања беа, меѓу другото, причина за масовните протести и немири што го потресоа Иран во последните месеци, а непосреден поттик за демонстрациите беше смртта на една млада жена во притвор на иранската полиција за морал, обвинета за кршење на строгите кодекси на облекување.