1K
Утрово во антитерористичка акција уапсени биле тројца кумановци. Од Министерството за внатрешни работи единствено потврдуваат дека се уапсени три лица во Куманово не кажуваат за што се сомничат.
Според неофицијални информации станува збор за припадници на ИСИС, повратници од Сирија кои наводно дошле во Македонија да изведуваат напади и да регрутираат кадри.
Утрово неофицијално биле направени претреси во Куманово и Скопје и било најдено огромно количенство оружје, воена опрема и елеци за самоубиствени напади.
Детали за акцијата МВР најавува за утре.