439
МВР информира дека синоќа во 22,45 часот од страна на полициски службеници за ГП и ГН Богородица во координација со полициски службеници од ПС за ГН Михајлово, на регионалниот пат Демир Капија – Неготино, во близина на Прждевски споменик, сопрено е патничко моторно возило „голф“ со тетовски регистерски ознаки, управувано од М.Р. (27) од Тетово и при преглед на возилото пронајдени се седум мигранти од Сирија.
Запрено е и возило „голф“ со тетовски регистерски ознаки, управувано од К.Б.(29) од Боговиње, а совозач бил Џ.А.(33) од Боговиње, кое служело како претходница.
Тројцата криумчари на мигранти се приведени во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.