Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници уапсиле три момчиња од Скопје затоа што кај нив била пронајдена марихуана.
„На подрачјето на Центар вчера во 19:50 часот полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.А.Ј.(24) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени марихуана, бела прашкаста материја и бела грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера во 22:50 часот на подрачјето на Центар го лишиле лишен од слобода Н.Ј.(21) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Во парк-шума Гази Баба вчера во 22:50 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.И.(20) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“, се вело во билтенот на МВР.