Уапсени тетовци кои продавале петарди

by Fokus

Вчера попладне, две лица од Тетово биле лишени од слобода поради продавање на пиротехнички средства, соопштија од МВР.

„На 15.12.2020 околу 16.20 часот на Градскиот плоштад во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Б.А.(45) од Тетово и Џ.М.(46) од с.Челопек, тетовско, затоа што продавале пиротехнички средства. Тие биле приведени  и задржани во Полициската станица Тетово и од нив биле одземени над 2.000 парчиња разновидни пиротехнички средства. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави“, додаваат од МВР.

Поврзани новости