Уапсени сопственикот и операторот на жичарницата, која вчера се заглави во Пакистан

by Fokus

Во Пакистан денес се уапсени сопственикот и операторот на жичарницата која вчера се заглави поради силниот ветер, соопшти локалната полиција.

Според извештаите, двајцата мажи биле приведени откако сите деца биле спасени, но тој не кажал детали за обвиненијата против нив, пренесува Ројтерс.

Пакистанската армија вчера спаси шест деца и двајца возрасни, кои останаа заробени во жичара, заглавена на висина од околу 370 метри. Операцијата со висок ризик беше успешно завршена по повеќе од 15 часа.

Децата оделе на училиште во северозападниот дел на Пакистан, во планинскиот дел на земјата, со жичара. Жичницата поврзува две населени места и има два кабли од кои едниот пукнал.

Многу деца кои живеат во оддалечените и планински области на Пакистан користат жичарници за да стигнат до училиште, но некои од нив не се одржуваат редовно и нивната употреба може да биде ризична.

Поврзани новости